Лучо е голем и во победа и во пораз: Реакцијата на Луис Енрике по поразот во финалето од Ленс

Дерби

17/08/2026

11:19

226

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике го претрпе само вториот пораз во едно финале како тренер на ПСЖ, па така титулата од Суперкуп трофејот замина за Ленс наместо за Париз.

Првпат по Светското клупско првенство кое се играше пред една година, најдобриот европски тим загуби едно финале на кое одново прикажа одлично ниво, но нереализираните шанси направија Ленс да извојува херојска победа која е послатка и поради фактот што голем дел од мечот играше со човек помалку.

Наместо да преовладува фрустрација, Луис Енрике покажа класа по натпреварот и им аплаудираше на победниците кои исто така искажаа голема почит за време на шпалирот, а во тој стил продолжи Лучо и по средбата кога даваше изјави за медиумите.

– Ќе бидам реален и ќе кажам дека одигравме навистина добар меч. Задоволен сум од тоа што го видов, ние бевме тие кои не искористивме многу шанси, фудбалот знае да биде доста нефер и веќе сме го виделе тоа и во минатото.

– Фудбалот е неверојатна игра, но затоа мора да му честитаме на Ленс кој одигра добро и кој постигна еден гол повеќе од нас. На крајот тоа е она што се брои во фудбалот, ние денеска не ги користевме своите шанси и тоа е тоа. Преовладува големо задоволство и мало разочарување, но ова е само почеток на сезоната, секогаш ја темпираме формата за финишот кога се играат најважните трофеи, – изјави Лучо.