Пет тинејџери загинаа, а четворица се тешко повредени во директен судир на автопатот М9 во Ирска. Несреќата се случила поради возило што се движело во погрешна насока. Полицијата истражува дали несреќата е поврзана со опасно возење прикажано на социјалните мрежи.
Пет тинејџери загинаа, а четворица други се тешко повредени во директен судир меѓу два автомобилa на автопатот М9 во Ирска.
Ирската полиција беше повикана поради пријави за возило кое се движело во погрешна насока, кон југ по северниот дел од автопатот. Кратко потоа, се случил челен судир со друг автомобил.
Телата на пет тинејџери, сите во едно возило, беа пронајдени на местото на настанот.
Нивните тела беа однесени во Општата болница Наас, каде што ќе се изврши обдукција.
Четири лица се тешко повредени
Другото возило превезувало три жени, две во триесеттите години и една во дваесеттите години, и едно дете.
Сите четворица се здобиле со сериозни повреди и се во болница.
Комесарот на ирската полиција, Џастин Кели, ја опиша несреќата како „ужасна“.
Тој, исто така, предупреди дека има случаи каде што поединци намерно возат на спротивната страна од автопатот за да привлечат внимание и да соберат лајкови на социјалните мрежи.
Полицијата сè уште не објавила дали таквото однесување е поврзано со оваа несреќа.












