[ФОТО/ВИДЕО] Туристи во костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово - Дали е ова дозволено и кој ќе одговара?

Точка

16/08/2026

18:11

656

Големина на фонт

а а а

Големи реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава.

Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, дека станува збор за место кое „претставува свет и духовен простор, а истовремено е дел од културното и туристичкото наследство на Маврово“.

Авторот бара интервенција од институциите и воведување ред. Тој вели дека целта на објавувањето на фотографиите не е навреда на туристите, туку алармирање на јавноста и надлежните институции.

Тој прашува „Дали некој ги предупредува посетителите дека станува збор за црковен храм? Дали постојат правила за пристап и однесување околу објектот?“.

Од Општина Маврово и Ростуше, полицијата и останатите надлежни институции засега нема официјална реакција.