[ВИДЕО] Фудбалерите на Њукасл ги менуваа дресовите среде прво полувреме

Дерби

16/08/2026

13:39

225

Големина на фонт

а а а

Фановите на Њукасл се загрижени поради сериозните промени во клубот по крајот на претходната сезона, по кои екипата има нов менаџер, а во ростерот недостасуваат неколку големи ѕвезди кои не добија соодветни замени.

Ова ќе биде голем предизвик за клубот кој изминатите години стигнуваше и до Лигата на шампионите, а целата ситуација како да влијаеше и на организацијата на вчерашниот пријателски натпревар со Баер Леверкузен.

Њукасл беше приморан да направи нешто што ретко се гледа на натпреварите, откако фудбалерите ги променија дресовите за време на паузата за хидратација во 23. минута.

Причината била во тоа што дресовите кои ги носел домашниот тим биле премногу слични на тие на бундеслигашот, а целата ситуација предизвика незадоволство и кај фановите кои имаа замерки за изгледот на двете екипи и конфузијата околу дресовите.