Громогласен аплауз за премиерот Мицкоски во Идризово: Се гради фекална канализација

Макфакс

16/08/2026

12:30

146

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски направи увид во градежните активности за изградба на фекална канализација во Идризово. Тој најави сериозни инфраструктурни проекти и засилена градежна активност на автопати и коридори низ Македонија, со цел подобрување на квалитетот на живот и економската активност во земјата.

Со громогласен аплауз беше проследена изјавата на премиерот Христијан Мицкоски при увидот во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекалната канализација во населеното место Идризово во Општина Гази Баба.

Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности поврзани со изградбата на новата канализациска мрежа, проект кој предвидува изградба на 1.478 метри фекална канализација.

Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени преку вториот јавен повик на Владата.

Најавата за реализацијата на проектот беше поздравена од присутните со громогласен аплауз. Аплаузи имаше и за градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1.200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано  затоа што се ангажира домашната оператва, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетн живот на граѓаните.

Кон крајот на овој месец, веројатно на 26 август, посочи Мицкоски, ќе почне изградбата на автопатската делница Блаце – Скопје, за која, рече, завршени се сите формални процедури.

-Конечно, за овој децениски проект којшто беше најавуван, имаме изведувач, тоа е домашна компанија, имаме надзор, сите услови се исполнети за да отпочне градбата на овој автопат. ​Во септември очекувам да почне уште еден автопат за делница, тоа е Букојчани – Кичево, и со засилена динамика да го привршуваме автопатот Кичево – Охрид. Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово во општина Гази Баба.

Претседателот на Владата посочи и дека  со засилена динамика продолжуваат градежните актиовности на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д – Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани.

-Сè на сè, отприлика шест автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема, засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата, секција 2, којашто практично е дел од Коридорот 8 (источно крило), и секција 3 за којашто очекувам наскоро да биде објавен јавниот повик, бидејќи сите административни предизвици се надминати, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба. И ако биде сè како што треба, завршување на физибилити-студијата и на почетокот на следната година отпочнување на Коридорот 10, доколку, се разбира, сите предизвици коишто ги имаме бидат решени. Очекувам да нема пречка да се реши, истакна премиерот.

Како што рече,  во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано не само затоа што се ангажира домашната оператва и претставува сериозен индикатор за подобра економска актовност туку, рече, „овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се  решат“, а граѓаните со сите овие проекти  ќе имаат поквалитетен живот.

-​Она што за мене е, исто така, важно како претседател на Владата е фактот дека економската активност предизвикува и добри економски резултати. И во периодот којшто  следува очекувам сè позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото, кое претставува еден од двигателите и носителите на економската активност во Македонија. Не можеме сè да решиме — нешто што со децении било запоставивано и нерешавано, но ветуваме дека се она коешто можеме да го решиме, па дури и ќе се потрудиме и повеќе од тоа, да го испорачаме, додаде Мицкоски.