[ВИДЕО] Трамп сподели снимка: Ново Мексико станува Нова Америка

Макфакс

07/09/2026

08:00

1.100

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп предложи сојузната држава Ново Мексико да биде преименувана во Нова Америка, објавувајќи видео на социјалните мрежи. Гувернерката на државата и сенатори изразија своја позиција за ова предлог.

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи сојузната држава Ново Мексико да се преименува во „Нова Америка“.

Трамп на својата социјална мрежа објави и видео во кое „Мексико“ од името Ново Мексико е прецртано и заменето со „Америка“, со што сојузната држава станува „Нова Америка“.

Американскиот претседател може да ги менува имињата на географските објекти во официјалните бази на податоци, но нема уставно овластување самостојно да преименува сојузна држава. Таквата постапка би морала да биде иницирана во самата држава.

Гувернерката на Ново Мексико, Мишел Лујан Гришам, порача дека за името на државата „не се преговара“, додека демократскиот сенатор Мартин Хајнрих изјави дека секогаш ќе ги користи имињата Мексикански Залив, Езеро Онтарио и Ново Мексико.

Трамп претходно го преименува Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“, а неодамна со извршна уредба го промени и американското официјално име за Езерото Онтарио во „Езеро Америка“.