Рубен Аморим за првпат го имаше Манчестер Јунајтед како ривал откако доби отказ од клубот пред осум месеци, а судбината посака португалскиот стручњак да биде тој кој го заврши мечот во Вроцлав со насмевка на лицето.
Аморим ги подготви своите фудбалери од Милан и славеше со 4:2 на последната контролка пред новата натпреварувачка сезона, па како човек кој добро ги познава речиси сите играчи во Јунајтед, по последниот судиски свиреж имаше и доста блиски контакти со најголем дел од нив.
Never knew this guy also have beef with Amorim, I thought it was just Mainoo and Rashford 🤔 pic.twitter.com/DpX8A0du3v
— Bambi (@khafid100) August 15, 2026
Актуелниот тренер на Милан издвои дел од своето време за речиси секој играч на Манчестер Јунајтед, па иако му пријдоа најголем дел од ѕвездите, три стоеја на друг дел од теренот.
Три ѕвезди на Јунајтед избегнаат контакт со Аморим и јасно ставија до знаење дека немаат најпријатен однос со Португалецот, а тоа особено важи за Маркус Рашфорд и Коби Мејну.
Двајцата наидоа на немилост на „Олд Трафорд“ под водство на Аморим, но близок контакт со својот сонародник избегна и дефанзивецот Диого Дало.







