Новата скапа „петка“ на Сити: Можам да играм како Родри

Дерби

14/08/2026

14:14

211

Големина на фонт

а а а

Елиот Андерсон во еден момент беше најскап британски трансфер во историјата и Манчестер Сити за неговиот трансфер издвои 116 милиони фунти, но веднаш после тоа ЧЕлси го поправи рекордот и исплати 117 милиони фунти за Морган Роџерс.

Двата англиски репрезентативеци заминаа во нови средини по крајот на Светското првенство, со тоа што мора да се нагласи дека Андерсон имаше далеку подобро лето од она на Роџерс.

Елиот беше клучен фактор во стартните 11 на Томас Тухел и на тој начин дополнително си ја „набилда“ цената, но Сити воопшто не се штедеше и доведе играч кој може да одговори на повеќе позиции во средниот ред.

Како класичен играч за врска, Андерсон може да одговори и во дефанзивни и во офанзивни задачи, па самиот вели дека може да игра како Родри доколку Шпанецот на крајот заврши во Барселона.

– Сумата која се плати секогаш ќе биде поврзана за мене, но ако се фокусирам само на фудбалот и на перформансите кои ги нудам, тоа ќе остане во втор план.

– Родри? Можам да играм како него, можам да правам различни работи на средниот ред и ќе видиме каде ќе ме користи новиот менаџер. Ќе играм на било која позиција на теренот, ќе одговорам на се она што ќе го побара новиот менаџер од мене,- вели Андерсон, кој не жали што нема да соработува со Пеп Гвардиола.

– Го гледам Сити повеќе од 10 години и заминувањето на Пеп Гвардиола нема никакво влијание врзр мене. Клубот е од големи размери и играчите кои ги има тука се меѓу најдобрите во светот. Сакав да бидам опкружен од вакви играчи и да напредувам секојдневно, – изјави Андерсон.