Почетокот на првенството во Саудиска Арабија донесе и одредени заклучоци во однос на плановите и амбициите на клубовите кои ќе се борат за највисок пласман.
Екипата на Ал Хилал последните години инвестираше многу пари во интернационални засилувања, па и оваа сезона во ростерот кој ќе биде пријавен за настап нема доволно простор за сите странци.
Тренерот Симоне Инѕаги без размислување го прецрта Жоао Кансело, со што португалскиот репрезентативец уште еднаш доби јасна порака дека треба да си бара нова средина.
Кансело речиси и да не тренирал сериозно со своите соиграчи, чекајќи неговиот агент да му соопшти добри вести, односно да потврди дека и новата сезона ќе игра на заем во Барселона.
Каталонските медиуми тврдат дека Ханси Флик бил задоволен од ефектот на Португалецот и дека кај него останува императивот да го задржи десниот бек.
Ал Хилал има 13 странски фудбалери, а правилата во Саудиска Арабија дозволуваат регистрација за домашното првенство на само 10.








