Алварез ќе го пропушти дуелот на „Велодром“, медиумите го објаснија потегот на Симеоне

Дерби

14/08/2026

13:52

201

Големина на фонт

а а а

Хулијан Алварез сака да реализира трансфер во Барселона, но барем засега Атлетико Мадрид не сакаше да дозволи такво сценарио и не под условите на кои инсистира големиот ривал.

Аргентинецот е подготвен за нов предизвик, но барем досега немаше најави дека би добил зелено светло за ваков трансфер, а се очекуваше дека топката ќе биде дополнително смирена по состанокот кој напаѓачот го имал со тренерот Диего Симеоне.

Не е јасно што заклучиле сонародниците по средбата во четири очи, но денешната информација од Мадрид предизвика мала бура која можеби и нема вистинска основа.

Аргентинецот деновиве тренираше со соиграчите, но нема да биде во составот на Атлетико за последниот пријателски натпревар со Олимпик Марсеј, односно генералката пред почетокот на сезоната во Ла Лига.

Иако дел од медиумите го искористија ова за да најават промени во статусот на Алварез, мадридските весници потенцираат дека ова е очекувано сценарио затоа што напаѓачот подоцна се приклучи на подготовките и ќе остане во Мадрид да работи на посебен режим. Во иста ситуација се и играчи како Љоренте, Баена и Мусо, додека Сорлот е повреден.

Генералниот менаџер Мигел Анхел Хил Марин во последната изјава потенцираше дека Атлетико нема да прифати понуда ни од 150 или 200 милиони евра и дека тој е убеден дека мадридскиот клуб е идеална средина за Аргентинецот.