Стара навика: Бруно ја бараше капитенската лента на дебито за Арсенал

Дерби

14/08/2026

12:34

335

Големина на фонт

а а а

Бруно Гимараеш реализираше трансфер во Арсенал и веќе дебитираше за „топчиите“ на пријателскиот дуел со Комо, а фановите на премиерлигашот забележаа еден интересен момент од неговиот прв настап во црвено-белиот дрес.

Бразилецот дојде за 75 милиони фунти од редовите на Њукасл, каде последните две години ја носеше и капитенската лента, навика која се почувствува уште на првиот натпревар на кој облече дрес на друга екипа.

Очигледно е дека Бруно одлучи да настапува за поквалитетен и поамбициозен клуб, но барем засега во Арсенал е далеку од капитенската улога, која и во новата сезона ќе му припадне на Мартин Одегард.

За време на дуелот со Комо, Бруно беше забележан како по навика се обидува да ја подмести капитенската лента, а видеото експресно стана хит на социјалните мрежи.