Најпознатото име во стручниот штаб на Зидан сè уште нема тренерска диплома

Дерби

14/08/2026

11:45

302

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан неодамна беше промовиран за нов француски селектор и наследник на Дидие Дешамп, а од вчера е официјализиран и составот на неговиот стручен штаб.

Се работи за подолг список на соработници кои ги опфаќаат сите сегменти од подготовката на националниот тим, вклучувајќи го лекарскиот тим и грижата за исхраната на репрезентативните собири, а дефинитивно најпознато име меѓу соработниците е Фабиен Бартез.

Поранешниот голман на француската репрезентација му беше соиграч на Зидан во периодот кога „триколорите“ станаа светски и европски шампиони, а оттогаш двајцата се и блиски пријатели, па Бартез ќе биде тренер на голманите.

Интересно е што иако досега работел како стручен консултант во повеќе клубови, Бартез се уште нема тренерска диплома, односно допрва ќе ја добие УЕФА А лиценцата, која ќе му овозможи и да продолжи во оваа професија.

Покрај Бартез, во стручниот штаб е и најлојалниот соработник на Зизу, Давид Бетони, кој му беше помошник и во Реал Мадрид, а истото важи и за Амиду Мсаиди.