Интер договори трансфер, засилувањето синоќа пристигна во Милано

Дерби

14/08/2026

10:51

228

Големина на фонт

а а а

Рутинските лекарски прегледи би требало да бидат последната пречка пред Интер да се пофали со своето најново засилување.

Италијанскиот шампион и дефинитивно го ангажираше англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој доцна синоќа пристигна во Италија и е подготвен за новиот предизвик во кариерата.

Иако често потценет, Спенс последната сезона се наметна со добрите игри во редовите на Тотенхем, а доби сериозна шанса и од Томас Тухел на последното светско првенство.

Сето тоа влијаеше позитивно на проценката на „нероазурите“ дека Спенс ќе биде соодветно засилување и соодветна замена за Дензел Дамфрис кој се пресели во Реал Мадрид.

Медиумите најавуваат дека Интер ќе плати 35 милиони евра за овој трансфер.