Шелтон ќе го предизвика Зверев за прва грен-слем титула во кариерата

Дерби

12/09/2026

09:12

289

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев ќе биде фаворит во големото финале на Ју-Ес Опен, а таму ќе биде предизвикан од 23-годишниот американски тенисер, Бен Шелтон.

Откако Зверев го реши првото полуфинале против Хачанов во три подолги сета, на сцена стапија американските ривали Шелтон и Френсис Тиафо, во меч кој траеше повеќе од три часа и донесе четири сета.

Тиафо започна подобро пред американските фанови кои уживаа во ова соочување на двајца сонародници, и го доби првиот сет со 6:4, но потоа следуваше одговорот на помладиот колега.


Шелтон следните три сета ги доби со 6:3,6:3 и 7:5 и на тој начин обезбеди прво финале на Ју-Ес Опен и шанса првпат да подигне грен-слем трофеј.

Додека Зверев атакува на втора грен-слем титула во кариерата, Шелтон се надева дека ќе биде прв Американец кој победил на „Флешинг Медоуз“ уште од Енди Родик во 2003 година.