Реал Мадрид ќе се обиде да им се врати на победите, откако во претходното коло го забележа првиот пораз и тоа на гостувањето кај Бетис.
Добра најава за овој дуел беше победата над Интер во Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо денеска со прес-конференција го најавил новиот предизвик во Ла Лига.
Мурињо одговарал на различни прашања, а новинарите повторно го навратиле и на критиките кои фановите сезонава ги испраќаат на сметка на Винисиус Жуниор.

– Во Португалија имаме една изрека која може да се искористи на оваа тема, а таа гласи „Камења се фрлаат само на дрвата кои раѓаат плодови“.
– Што има направено досега Винисиус за овој клуб? Колку голови има постигнато, колку трофеи има освоено, колку натпревари решил со своите потези?
– Очекувајте го Вини кој минатата сезона сам го реши двомечот со Бенфика. Тоја засега се уште не е тука, но работи понапорно од кога било, а софтверот покажува дека е блиску до најдобрата физичка форма, – рекол Мурињо.







