Пожарот над село Габер под контрола

Макфакс

14/08/2026

08:03

151

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата со пожарот над село Габер е ставена под контрола. Дирекцијата за заштита и спасување најави дека ќе интервенираат авионите за целосно гаснење, додека центарот за управување со кризи продолжува со координација со надлежните институции.

Ситуацијата со пожарот над село Габер е под контрола, објави Центарот за управување со кризи.

Од таму најавија дека во текот на денешниот ден повторно ќе интервенираат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел дополнително да се стабилизира ситуацијата и пожарот целосно да биде изгаснат.

„Службите беа на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи продолжува со максимална координација со сите надлежни институции“, велат од ЦУК.