Депај се закани откако беше изигран од Коринтијанс: Ова нема да мине неказнето

Дерби

12/08/2026

14:26

37

Големина на фонт

а а а

Мемфис Депај добиваше еден милион месечно од Коринтијанс и се очекуваше да потпише нов уште побогат двегодишен договор со бразилскиот великан, но во ситуација кога сè беше договорено, водечките луѓе решија да се одлучат за финансиска одговорност и го повлекоа понуденото.

Коринтијанс вчера со официјално соопштение ја извести јавноста дека ги прекинал преговорите со Депај и дека тој станува слободен агент, а после ваквото неочекувано сценарио, со дрзок став се јави холандската ѕвезда.

Некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Барселона и Атлетико Мадрид се чувствува изиграно од Коринтијанс, па најави дека ќе преземе и правни мерки за да ги заштити своите интереси.

– Крајно сум фрустриран кога прочитав дека Коринтијанс одлучи да не го почитува постоечкиот договор меѓу нас за продолжување на мојот престој тука за уште две години. Ова продолжување беше јасно договорено и не знам како дојде до ова.

– Некои поединци одлучија да го прекршат овој договор. Не сакав да дојде до оваа ситуација како лице кое секогаш го почитувало клубот, но сега сум принуден да заземам силен став за да ги заштитам моите интереси. Ќе зборувам јавно во наредните денови и бидете сигурни дека нема да дозволам ова неприфатливо однесување да помине неказнето, – порача Депај кој јасно најави преземање на правни мерки против клубот.