Трамп: Ако ФИФА го замени Инфантино, фудбалот…

Дерби

11/08/2026

12:04

243

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп воспостави одлична конекција со Џани Инфатино и во неколку наврати го пофали првиот човек на ФИФА за време на Светското првенство, па сега во период кога претседателот на ФИФА добива безброј забелешки за својата работа и се бара негово заминување, со свој став се јави и човекот кој го извршува својот втор мандат како претседател на САД.

Инфантино посебно го навлече гневот поради тоа што понуди предлог-проект според кој американски милијардери би откупиле дел од правата за Светските првенства, па откако оваа идеја брзо беше задушена од фудбалската јавност, УЕФА и други познати Федерации преземаа акции за смена на претседателот на ФИФА.

Швајцарскиот фудбалски работник се наоѓа во критична точка и се повеќе важни лица бараат негова смена, па во таква ситуација, тој наиде на поддршка од својот најголем сојузник на Светското првенство, претседателот Трамп.

– ФИФА би направила ужасна грешка ако, од било која причина, размисли да го замени претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен и штотуку претседаваше на најуспешното Светско првенство во историјата.

– Турнирот во САД беше четирипати поуспешен од било кое Светско првенство досега. Ако тој си замине, фудбалот никогаш нема да доживее толку успешно и толку профитабилно Светско првенство, – порачува Трамп.