Дино Раѓа е легендарен хрватски кошаркар кој поради својот квалитет заврши и во најсилната НБА лига, а бидејќи во тоа време за свои соиграчи имаше големи легенди на југословенската и балканската кошарка, тој и натаму со голема носталгија се навраќа на тој период.
Раѓа ги следи модерните трендови во кошарката и во повеќе наврати има потенцирано дека е воодушевен од доминацијата на Никола Јокиќ во најсилната кошаркарска лига во светот, но сепак, Дино вели дека за извонредниот Србин нема место во неговата идеална петорка.
– Тоа е многу неблагодарно прашање……. Уживам да го гледам Јокиќ, има потези кои не се учат на тренинг и тој е гениј. Тој е роден со таквите движења, станува збор за нешто генетско и затоа е толку добар. Има работи кои ги имаше Роналдињо во фудбалот, или Ѓоковиќ во тенисот, едноставно се раѓате со такви квалитети, – вели Раѓа.
Како човек кој е дел од старата школа, Дино вели дека агресивната кошарка и добрите спомени од пред три децении му се посебно врежани во срце, па поради тоа избира други играчи во најдобрата петорка од европски играчи од која е дел и самиот тој.
– Јас сум од старата школа и на тоа прашање секогаш ќе го дадам истиот одговор: Здовц, Дражен, Кукоч, Дивац и јас. Но, како да ги заборавиме и Јокиќ, Сабонис, Гасол, Новицки и Дончиќ? Сметам дека не е фер да се одговори на такво прашање, – вели Раѓа.








