Турски новинар бил приведен поради лажна вест за трансфер на Мусиала

Дерби

11/08/2026

10:34

191

Големина на фонт

а а а

Трансфер шпекулациите се вообичаени за актуелната фудбалска сцена, а социјалните мрежи овозможија нивно експресно ширење и дезинформации за фановите.

Турските власти денеска направија невообичаен потег, притворајќи новинар кој пред одреден период тврдеше дека Џамал Мусиала ќе потпише за Галатасарај.

Се работи за новинарот Бурхан Џан Терзи, кој бил приведен од полицијата со обвинение за намерно ширење неточни информации, нешто што првпат се случува во оваа земја.

Медиумите пренесоа дека Терзи бил ослободен неколку часа подоцна, а денешниот настан само ќе го зголеми неговиот анимозитет со раководството на Галатасарај.

Минатиот месец Терзи тврдеше дека Галата ќе го ангажира германскиот репрезентативец од Баерн Минхен, а клубот излезе со соопштение во кое ја демантираше информацијата и обвини дека ваквите шпекулации му прават штета на турскиот клуб.