Артета презадоволен од најзвучното летно засилување: Со него ќе достигнеме ново ниво

Дерби

10/08/2026

11:29

211

Големина на фонт

а а а

Арсенал во саботата го потврди Бруно Гимараеш како најново летно засилување за натпреварувачката сезона која следи, па иако беше премногу рано да дебитира еден ден подоцна, Бразилецот вчера беше на „Емирејтс“ и ги поздрави новите фанови.

Досегашниот играч на Њукасл пристигна како огромно засилување за сума од 75 милиони фунти и самиот се претстави пред фановите како голем борец на теренот, а оваа карактеристика беше коментирата и од Микел Артета кој во ростерот добива голем плус во средниот ред.

– Бруно се опишува себеси како воин, а јас сметам дека тој е воин и борец со извонреден квалитет. Тој има неверојатна интуиција да намириса опасност, станува збор за голем лидер и играч кој има харизма.

– Верувам дека многу ќе ни помогне, верувам дека тој ќе поттикне нешто ново во тимот. Пресреќен сум што ќе го имам во својот тим, го посакувавме од самиот старт на летото и сега го добивме тоа што го сакавме.

– Од првиот ден се гледа јасно, тој донесе енергија во тренинг центарот, чувствува глад за успеси и има желба да испише историја во голем клуб. Тоа е амбицијата која сакам да ја видам од секој нов играч. Сакаме да достигнеме ново ниво, а за да успееме во тоа, потребни ни се играчи со карактер, желба и голем ентузијазам, – изјави Артета.