Килијан Мбапе се уште е на продолжен одмор и се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид на крајот на оваа недела, но пред да дојде да размислува за првите тренинзи под водство на Жозе Мурињо, францускиот капитен е во заврши преговори за комплетирање на една неочекувана зделка.
Како што јавуваат добро упатени извори од Франција, Мбапе ставил крај на својот долгогодишен договор со Најк и раскинал со угледната американска компанија, а уште поголемо изненадување ќе биде брендот со кој преговара и кој ќе биде задолжен да му снабдува опрема за фудбалските натпревари на кои игра.
Важечкиот договор со Најк му заврши на Мбапе на крајот на месец јули и двете страни одлучиле да не ја продолжат соработката, што всушност јасно става до знаење дека Килијан ќе ја почне новата сезона и со нов спонзор.
Како што јавува угледниот француски инсајдер, Тибо Везириан, Мбапе е во завршни преговори со бренд кој ќе биде изненадувачки за цела јавност, бидејќи не станува збор за познат и реномиран светски гигант како Адидас, Пума или Андер Армор.
– Сè се движи многу брзо и неочекуван бренд ќе стане снабдувач на опрема за Килијан Мбапе. Договорот е финализиран и тоа ќе биде голема промена за Мбапе.
– Килијан ќе биде првата голема ѕвезда со која овој бренд ќе влезе триумфално во светот на копачките. Килијан Мбапе ќе има подбренд во компанијата и ќе има удел во неа, – открива Везириан кој додава дека станува збор за астрономска сума на договор.







