Новото засилување на Фабрегас емотивно: Беше тешко да се напушти Челси после 18 години

Дерби

10/08/2026

11:15

247

Големина на фонт

а а а

Трево Чалоба се издигна во англиски репрезентативец и стана составен дел од тимот кој имаше настап на Светско првенство, пред се благодарение на извонредната сезона која ја остави зад себе како еден од најконстантите играчи на Челси.

Младиот стопер успеа да се наметне во сезоната за заборав која ја имаше великанот од „Стемфорд Бриџ“, па иако беше меѓу најстандардните, големата промена која настана ова лето направи да стане играч за кој клубот слуша понуди.

Тренерската смена со Чаби Алонсо отвори ново поглавје во Лондон, а Чалоба не се најде во плановите на шпанскиот стручњак и брзо режираше трансфер вреден 30 милиони евра.

Комо предводен од Сеск Фабрегас силно притисна за младиот дефанзивец и го доби како големо засилување за Лигата на шампионите, а откако фудбалерот позираше со новите обележја, не ја заборави и вечната врска која ќе ја има со Челси поради 18-те години кои ги мина во клубот.

– Повикот од Фабрегас беше клучен за да направам трансфер. Тој од прв момент ми стави јасно до знаење колку ме посакува и не се двоумев премногу при прифаќањето на понудата. Кога бев мал, имав можност да тренирам со него во првиот тим на Челси и сега ќе биде неверојатно искуство да играм за негов тим. Ќе дадам се од себе, нависитна сум возбуден за ова новои искуство.

– Ова не беше лесна одлука во смисла на напуштање на Челси. Влегов низ вратите на клубот како осумгодишно момче, а 18 години подоцна си заминувам како маж. Го живеев сонот, ги остварив соништата и имам само една порака до сите деца од академијата на Челси: Продолжете да верувате, вашето време ќе дојде. Најважно е никогаш да не се откажете, тоа е најдобриот совет кој можам да им го дадам, – изјави Чалоба.