Три возила се судрија на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод: тешко повреден 25-годишник

Макфакс

06/08/2026

14:10

168

Големина на фонт

а а а

На регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, кај месноста Бели Мостој, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила. Во несреќата е тешко повреден 25-годишен возач, додека други лица се здобија со телесни повреди.

Вчера попладне, во 17:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионален пат Кичево – Македонски Брод, кај месноста Бели Мостој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 63-годишниот Е.С. од селото Лисичани, возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од 31-годишниот Б.З. од село Пласница и „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 25-годишниот А.Ш. од село Пласница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ш., додека 17-годишно лице, сопатник во истото возило, и возачот Е.С. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.