Оби Микел за потенцијалната трансфер „бомба“ на летото: 100 проценти сум сигурен…

Дерби

05/08/2026

11:19

497

Големина на фонт

а а а

Трансфер пазарот се размрда по завршувањето на Светското првенство, но вистинска кулминација треба да доживее овој месец, последните недели, денови кога се очекува да паднат доста зделки.

Многу пари се трошат особено клубовите од Премиер лигата и токму од таму може да дојде до „бомбата“ на летото. Шампионот Арсенал дефинитивно покажува интерес за Винисиус Жуниор од Реал Мадрид, играч кој веќе влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид и никако не успева да пронајде заеднички јазик за продолжување на соработката.

Многумина тука ја гледаат шансата на Арсенал да го нападне Бразилецот и со супер понуда да го доведе на „Емирејтс“, сценарио во кое пак не верува Џон Оби Микел.

- Тој нема да дојде! Заборавете на тоа. Тој само го користи Арсенал за да добие подобар договор во Реал Мадрид. Тој нема да го напушти Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа, 100 проценти. Тој нема да си оди! Тој само сака да го искористи Арсенал за да добие подобар договор.

- Тој не си заминува од Реал Мадрид. Зошто би го напуштил? Слушајте, Арсенал е голем тим. Ако седам тука и кажам дека Арсенал не е голем тим, тогаш лажам. Арсенал е голем тим, но Реал Мадрид е поинаква игра. Мислам дека овој разговор за договорите трае веќе долго време, - порача Нигериецот.