Данев: Вардар мора да фати победнички ритам, ќе сториме се за да славиме во Кавадарци

Дерби

31/08/2026

12:45

110

Големина на фонт

а а а

Вардар има турбулентен старт на сезоната во Првата македонска лига и веќе има сериозен минус во однос на лидерот Шкендија, а тоа значи дека нема право на киксови на натпреварите каков што е овој против Тиквеш во Кавадарци.

Ова соочување е закажано за денеска од 17 часот, „црвено-црните“ гледаат само едно сценарио.

- Работевме напорно изминативе денови и фокусирани сме на натпреварот со Тиквеш. Ова е многу важен меч за нас, затоа што по триумфот над Силекс сакаме да фатиме победнички ритам. Ќе сториме сѐ да ги освоиме трите бода во Кавадарци, иако знаеме дека Тиквеш игра квалитетно пред своите гледачи. Сепак, ние веруваме во нашите способности и одиме на победа“, порача младиот Димитар Данев за официјалниот сајт на ФФМ.