Силва го издвои својот најголем квалитет кој ќе се обиде да го пренесе и во тимот на Мурињо

Дерби

04/08/2026

10:58

158

Големина на фонт

а а а

Бернардо Силва вчера го одработи првиот тренинг како играч на Реал Мадрид и имаше можност одблиску да се запознае со новите соиграчи, но и да ги чуе првите инструкции од својот сонародник, Жозе Мурињо.

Искусниот португалски играч за врска пристигна како слободен агент и се очекува да биде големо засилување со оглед на репутацијата која ја ужива во европскиот фудбал, а како што вели самиот, планот во Реал му е брзо да го пренесе она по кое беше препознатлив во Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола со месеци наназад го посочуваше Силва како уникатен фудбалер кој е исклучително интелигентен за да ги контролира сите случувањата на теренот, а Бернардо сега во ексклузивното интервју за добредојде во Реал Мадрид, го издвои и својот најголем квалитет.

– Јас сум голем работник и ветувам многу работа на теренот. Јас сум играч кој ги прави подобри оние кои се околу мене на теренот, тоа е мојот најголем квалитет и ќе се обидам да го пренесам тоа во овој тим. Секогаш сум подготвен да одговорам на различни позиции и во различни улоги за да му помогнам на тимот. Можам да играм на многу позиции и подготвен сум да бидам искористен за се она што ќе му оди во прилог на Реал и на тренерот Мурињо.

– Кога пристигна понудата од Реал Мадрид, беше невозможно да кажам „не“. Не размислував два пати и веднаш ја прифатив понудата. Играв многу пати против Реал, се чувствува големината на клубот и колку многу импонира „Бернабеу“. Од голема помош ми е тоа што Шпанија е блиску до Поругалија, културата е слична и тоа ќе ми помогне. Сепак, за мене посебна привилегија претставуваше самото тоа што ќе играм за најдобриот клуб во историјата на фудбалот, – посочи Силва.