Италијанскиот прволигаш Лацио вложува напори да комплетира уште некој трансфер до крајот на преодниот рок, а она што е веќе сигурно е дека на „Олимпико“ доаѓа офанзивец на кого Серија А му е добро позната.
Нов член на лацијалите ќе биде 29-годишниот интернационалец од Ислад, Алберт Гудмундсон. Се работи за фудбалер кој може да одговори на сите позиции во нападот, да игра како крило, класичен напаѓач, десетка, па дури и поповлечено, игра кој од 2022 е на „чизмата“.
Прво со успех настапуваше за Џенова, а од 2024 го облече дресот на Фиорентина од каде доаѓа во Рим. Се работи за позајмица со право на откуп за 12 милиони евра.
Лацијалите во овој преоден рок се засилија со Фратези, Пинамонти, Шутало, Духи и Педраса кои пристигнаа како слободни фудбалери.








