Хенес во свој стил го „поздрави“ Реал: Се смеев до солзи…

Дерби

31/07/2026

13:34

175

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид е еден од најактивните великани во овој преоден рок, но иако донесе неколку играчи се уште не дојде до некоја „бомба“, мега трансфер кој Флорентино Перез го најавуваше кога ја водеше битката за претседателската функција.

„Кралевите“ излегоа со вест дека понудиле 150 милиони евра за Хулијан Алварес и дека понудата била одбиена, но потоа повторно не се обидоа да притиснат или да тргнат активно по некоја друга „крупна ѕверка“. Скоро цело лето се говори и за можноста Мајкл Олисе, меѓутоа многу се зборува, а нема ништо конкретно затоа што Реал ќе добиел јасе одговор од Баерн Минхен.

Почесниот претседател Ули Хенес имаше што да порача за овие вести во негов стил.

- Реал Мадрид го посакувал Олисе? Се смеев до солзи. Императорот на Кина може да дојде кај нас и ние и тогаш нема да преговараме. Истото се однесува и за Луис Дијаз, - порачал Хенес.

На крајот Реал може да дојде до потписот на талентираниот Диоманде од РБ Лајпциг.