Утре 39 степени, следува уште потопол период со температури над 40

Макфакс

30/07/2026

18:00

151

Големина на фонт

а а а

Прогнозите најавуваат сончево и многу топло време со дневни температури кои ќе достигнат и ќе надминат 40 степени, особено во средината на следната седмица.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено високи температури се очекуваат од среда, кога на места дневната температура ќе надмине 40 степени.