[ФОТО] Норвежаните го градат најдлабокиот тунел во светот, возилата ќе минуваат 392 метри под површината на морето

Точка

30/07/2026

10:14

603

Големина на фонт

а а а

Во земјата која веќе со години гради некои од најсложените патни тунели во светот, во тек е изградбата на „Rogfast“, подморски тунел долг 27 километри. Кога ќе биде завршен, возачите ќе се движат на длабочина до 392 метри под површината на морето.

По завршувањето на работите, тунелот не само што ќе ги замени постојните траектни линии, туку и значително ќе го унапреди сообраќајот меѓу клучните региони на Норвешка.


Се очекува да ја подобри мобилноста на населението, да го олесни транспортот на стока и да овозможи побрзи патни врски, а воедно ќе постави и нов светски рекорд како најдлабок патен тунел во светот. Инвестицијата вредна 2,5 милијарди долари на возачите ќе им понуди две одвоени тунелски цевки, секоја со по две сообраќајни ленти.

Изградбата се соочува со предизвици како што се сложената геологија и продорот на вода, а завршувањето на работите е планирано за 2033 година, кога регионите ќе добијат трајна патна врска.


Изградбата на тунели одамна претставува еден од темелите на развојот на норвешката сообраќајна инфраструктура. Планинскиот релјеф и бројните фјордови ја принудија оваа земја да инвестира во решенија што го скратуваат времето на патување и ја намалуваат зависноста од траектите.

Најдобар пример за досегашниот успех е тунелот „Ryfylke“, отворен кон крајот на 2019 година. Долг е 14,4 километри, а на најдлабоката точка се наоѓа 292 метри под нивото на морето, што во моментов го прави најдолгиот оперативен подморски тунел во Норвешка.