Повлекувањето на водата кај селото Рјахово откри големи коски за кои експертите се сомневаат дека му припаѓаат на мамут, а анализите ќе ја утврдат нивната старост.
Долготрајната суша и рекордно нискиот водостој на Дунав донесоа необично откритие во Бугарија, откако во близина на селото Рјахово, во областа Русе, се појавија големи коски кои би можеле да му припаѓаат на мамут. Повлекувањето на водата откри делови од речното корито кои со години биле скриени под површината, а необичните остатоци меѓу речните наноси ги забележал локален жител.
За откритието веднаш биле известени експертите од Регионалниот историски музеј во Русе, кои излегле на терен. Директорот на музејот, Николај Ненов, изјавил дека биле пронајдени остатоци кои најверојатно вклучуваат долна вилица, две бивни и можен дел од ребро на мамут. Коските ќе бидат извадени и детално анализирани за да се утврди на кој вид му припаѓаат и колку се стари.
Suspected mammoth remains, including a jaw and tusks, were found in the Danube River near Ryahovo as water levels hit record lows; experts plan further examination https://t.co/zRXGoJ1ivz pic.twitter.com/2Vaw4rX37j
— Reuters (@Reuters) July 30, 2026
Подунавскиот регион во северна Бугарија веќе е познат по бројните фосилни наоди од праисториски животни, а експертите сега се обидуваат да утврдат дали станува збор за уште едно значајно откритие од далечното минато. Фотографиите што ги објави Општина Сливо Поле прикажуваат големи коски на брегот, меѓу речните наноси и школки карактеристични за Дунав.
До необичното откритие дошло токму поради екстремно нискиот водостој на реката, кој е последица на долготрајните топлотни бранови и сушата низ Европа. Повлекувањето на Дунав формирало песочни дини и мали острови долж бугарскиот тек на реката, додека на одделни места е отежната и пловидбата поради плиткото речно корито.
Иако ваквите услови претставуваат голем проблем за речниот сообраќај и екосистемот, природата овојпат отвори прозорец кон далечното минато. Експертите предупредуваат дека толку ниски водостои обично се јавуваат кон крајот на летото, а не во овој период од годината.
🦣 Ancient mammoth remains have emerged from the Danube River in Bulgaria.
— News Lens (@NewsLens_100) July 30, 2026
Record-low water levels exposed what experts believe are a lower jaw, two tusks and possibly a rib—revealing a glimpse of the region’s prehistoric past. pic.twitter.com/tF5AgDCzF9
Проблеми веќе се забележани и на други делови од Дунав, па кај бугарскиот град Видин, поради ниското ниво на водата, се насукал крузерот „Viking Ulur“ со 186 патници и 52 членови на екипажот. По неуспешните обиди за ослободување на бродот, патниците биле евакуирани од бугарската гранична полиција до пристаништето во Видин.
Сепак, додека бродовите се борат со последиците од сушата, повлечената река кај Рјахово откри траги од едно сосема поинакво време — период кога низ овие простори чекореле големи праисториски животни.









