Фердинанд ќе биде разочаран: Челси го комплетираше трансферот на поранешен напаѓач на Јунајтед

Дерби

29/07/2026

12:19

342

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо од првиот ден инсистира Челси да добие на искуство во летниот преоден рок кој е актуелен, а по неуспешниот обид да го добие Гранит Џака, шпанскиот стручњак се насочи на две други имиња.

Колку и да звучи изненадувачки, Челси реши да го ангажира Дани Велбек во завршната фаза од неговата кариера, бидејќи искусниот голгетер ќе слета на „Стемфорд Бриџ“ на 35-годишна возраст.

По најавите кои пристигнаа пред неколку дена, ова утро неколку угледни извори информираат дека целата операција е комплетирана, па Дани набрзо ќе стави потпис на двегодишен договор.

Брајтон решил да не прави проблеми и одлучил во целост да му ја исполни желбата на фудбалерот, кој пред крајот на кариерата сака да се тестира во уште еден великан.

Рио Фердинанд изминативе денови правеше притисок и му порача на Велбек да го избере Јунајтед пред Челси, но реалноста вели дека лондонскиот клуб е тој што пријави голем интерес и напаѓачот сега ќе го облече синиот дрес.

„Атлетик“ информира дека зделката ќе чини од 7 до максимум 10 милиони евра, а „Би-Би-Си“ потврди дека фудбалерот добил зелено светло од Брајтон да замине во Лондон за да ги одработи потребните медицински тестови.

Ако се оди според планот, по ангажманот на Велбек, Челси се очекува брзо да ја финализира и операцијата за купување на Џордан Хендерсон од Брентфорд.