Инфантино направил шокантен потег, УЕФА реагираше експресно: Ова ја преминува границата…

Дерби

29/07/2026

06:59

476

Големина на фонт

а а а

Џани Инфантино заработи многу критики поради начинот на кој ја води ФИФА и пред се околу организацијата на последното светско првенство, а последната информација ги шокираше и одговорните во УЕФА, кои веднаш излегоа со соопштение.

Угледниот новинар Мартин Циглер од „Тајмс“ објави дека за време на мундијалот, Инфантино имал средби со бизнисмени и американски милијардери, на кои им бил понуден дел од сопственичката структура на светските првенства.

Наводно, разговорите биле водени со блиски бизнисмени до американскиот претседател Доналд Трамп, а самиот Инфантино ќе заработил милионски суми со евентуално успешно склучените договори со приватните инвеститори.

ФИФА го спакува предлогот со формирање на нова институција, која ќе собере инвестиции од 10 милијарди долари, а контролата на одлуките ќе остане на федерацијата.

УЕФА денеска реагираше експресно со соопштение, осудувајќи ја идејата на првиот човек на ФИФА.

– Ова ја преминува границата што управувачките институции во фудбалот никогаш не треба да ја преминат. УЕФА го сфаќа ова исклучително сериозно. Истото треба да го стори и секоја национална фудбалска асоцијација. Истото треба да го стори и секој засегнат: лиги, клубови, играчи, навивачи, влади и секој што се грижи за иднината на играта.

– Душата и управувањето со фудбалот не се средства за тргување – особено со нулта транспарентност во однос на тоа кој има финансиска заработка. Никој од нас не е сопственик на фудбалот, па и ФИФА не може да го продава, – стои во соопштението на УЕФА.