Анчелоти се врати во Рио за првпат по СП и најави какви промени ќе следат во бразилскиот тим

Дерби

29/07/2026

11:40

271

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти се врати во Рио де Жанеиро неколку недели по елиминацијата на Светското првенство и одржа состанок со водечките луѓе на Конфедерацијата, по што испрати и јасна порака во кој правец ќе се движи бразилскиот состав во периодот кој следи.

Разочарувањето на Светското првенство само потврди дека Дон Карло има уште многу работа пред себе, а иако во меѓувреме доби понуда да ја води својата Италија, Анчелоти остана верен на зборот и реши да го одработи договорот со „кариоките“.

Анчелоти не планира да го заврши проектот кој го започна пред една година, па сега негова цел е да создаде нов компетитивен тим кој ќе пристигне во најдобра форма на следното Светско првенство.

Италијанскиот стручњак има важечки договор до 2030-та година, а во следниот период планира во националниот тим да вметне имиња кои досега не добивале шанса.

– Ќе почнеме да создаваме нов тим за тоа што следи. Ќе набљудуваме и тестираме млади играчи, но исто така нема да се откажеме од некои фудбалери кои веќе беа дел од нас на Светското првенство. Има такви кои можат уште многу да понудат и кои можат да придонесат за успех на националниот тим, – порача Анчелоти.