Челси одигра крајно возбудлив натпревар на дебито на Чаби Алонсо како менаџер на првиот тим, бидејќи пријателсата против ВС Вондерерс понуди дури десет голови.
Англискиот фаворит губеше со 3:4 во самата завршница и се чинеше дека Шпанецот ќе стартува со пораз, но тогаш на сцена стапи Жоао Педро кој се покажа како „џокер“ од клупата.
Бразилецот постигна хет-трик за 9 минути и обезбеди победа за Челси од 6:4, а по импресивното влијание кое го имаше врз мечот, Бразилецот доби пофалба и од својот нов тренер.
– Жоао е многу гладен после неправдата која ја доживеа на Светското првенство. Тој е одлучен да има извонредна сезона на клупски план.
– Имаше добра прва сезона во Челси, но тој е решителен да биде уште подобар и да дава уште повеќе голови. Мора да му помогнеме почесто да се наоѓа во ситуации како денеска, кога останатите ќе бидат исто гладни како него, тоа ќе биде добар сигнал за нас како тим, – изјави Алонсо.
Жоао Педро беше изоставен од Карло Анчелоти од бразилскиот тим за Светското првенство и воопшто не конкурираше за настап, а тоа според многумина беше најголемата неправда која ја доживеа една елитна ѕвезда на мундијалот што заврши со ново фијаско за „кариоките“.







