Необична сцена од Жњан во Сплит привлече огромно внимание во јавноста, откако еден возач стана главна тема на социјалните мрежи. Имено, тој бил снимен како од круг во круг поминува низ истиот кружен тек, толку долго што луѓето изгубиле трпение да бројат колку пати поминал, пишува „Slobodna Dalmacija“.
Снимката набрзо почнала масовно да се споделува, а коментарите под неа само продолжиле да се редат. Додека едни се обидувале да пронајдат објаснување за ваквото однесување, други целата ситуација ја претвориле во вистинска шега.
Едни се шегуваат дека човекот буквално го сфатил сообраќајниот знак…
„Го видел знакот на кој пишува 30? Помислил дека се работи за бројот на кругови …“
Други тврдат дека можеби доаѓа од место каде што кружни текови воопшто нема …
„Можеби во неговото село нема кружен тек, па нека си се изнавози…“
Трети се воодушевени од самата локација…
„И јас би возел многу кругови кога кружниот тек е вака убав. Каде сте виделе поубав?“
Има и такви кои признаваат дека и ним им се случило да направат неколку круга додека не одлучат каде да свртат, но овој возач, велат, сепак претерал:
„И мене ми се случило да направам неколку круга додека одлучам каде да свртам, ама овој е баш неодлучен“, „навигацијата го зезна“, „ма сигурно заспива дете“, „Па се вика кружен тек, што сакате сега?“…
Каква и да е причината, возачот стана вирална ѕвезда на денот, а Жњан го доби својот нов хит – кружен тек кој, очигледно, не се вози, туку во него се ужива.





