Фердинанд со порака до англискиот ветеран: Игнорирај го Челси и врати се во Јунајтед!

Дерби

28/07/2026

11:18

344

Големина на фонт

а а а

Англиските медиуми во изминатите 24 часа пишуваат за изненадувачка операција која ја подготвува Челси, клуб кој на својот млад тим сака да придодаде искуство и големо знаење во вид на двајца ветерани.

Чаби Алонсо имаше неуспешен обид да го привлече Гранит Џака од Сандерленд, но затоа клубот сега е цврсто решен да ангажира други двајца ветерани, и тоа Џордан Хендерсон и Дани Велбек.

Двајцата имаат големо премиерлигашко искуство и доволно знаење за да одиграат најдобро во клучни и тешки моменти, па бидејќи Чаби ги гледа како извонреден плус за својот тим исполнет со млади играчи, се очекува преговорите да се интензивираат во наредните неколку денови.

Овие активности од Челси предизвикаа доста внимание во јавноста, а тоа важи и за фановите на Манчестер Јунајтед кои не сакаат да видат како Велбек завршува на „Стемфорд Бриџ“.

Напротив, легендарниот Рио Фердинанд смета дека Јунајтед треба да прикаже интерес за некогашниот напаѓач, за кој тој во повеќе наврати велел дека никогаш не требал да биде така лесно ослободен од клубот.

– Велбс….. Игнорирај го Челси и врати се дома! Следната сезона се игра Лига на шампиони во Манчестер….., – гласи пораката на Рио.