Скалони направи резиме на мундијалското патување со ладна глава: Ние го имаме вистинскиот трофеј

Дерби

27/07/2026

11:09

182

Големина на фонт

а а а

Лионел Скалони не можеше докрај да се обрати во јавноста откако Аргентина загуби од Шпанија во големото финале на Светското првенство, па иако не е љубител на социјалните мрежи, аргентинскиот селектор го искористи својот профил на Инстаграм за да се обрати со ладна глава, една недела по случувањата во Њу Џерси.

Скалони во повеќе наврати го прифати поразот и џентлменски им честиташе на Шпанците за втората светска титула, но од друга страна, смета дека сите во Аргентина треба да бидат горди на националниот тим кој ги претставува со години.

– По интензивната недела во која се испреплетоа тагата со радоста, солзите со насмевките, маката со спокојството, нервозата со смиереноста, конечно можам да седнам и да напишам неколку зборови. Иако знаете дека не сум голем обожавател на социјалните мрежи, ова можеби е најдобриот начин да допрам до вас.

– Сè што можам да кажам е дека ми е многу жал што не успеав да ви донесам уште еден трофеј и што не ви овозможив нова голема радост, која барем за неколку дена ќе направеше да заборавите на сите лоши работи во животот. Но, сакам да се сетите што се обидовме да направиме со овие фудбалери, моите воини како што ги нарекувам во разговорите со мојата сопруга.

– Напорот, желбата, волјата, одбивањето да се откажат (дури и кога се станува тешко), давањето се од себе (дури и кога не ви останува енергија), поднесувањето на остри критики (од луѓе кои не нè познаваат), смиреноста и желбата да се продолжи кога нозете веќе не ви го слушаат мозокот. За мене тоа е вистинскиот трофеј.

– Вечно сум благодарен на мојот стручен штаб, на играчите, на персоналот на АФА, оние кои работат тивко и позадија за да ни биде комотно на секој турнир и на секој оној кој покажа љубов кон овој тим, – порача Скалони.