ПСЖ излезе со жесток став за играчот кој ќе заврши во Реал Мадрид: Нема да отстапиме од своите принципи

Дерби

27/07/2026

06:41

588

Големина на фонт

а а а

ПСЖ подолго време се посочуваше како дестинација број еден за Јан Диоманде, но кога се чинеше дека следи најлесната задача откако самиот играч му се додворуаше на европскиот шампион, дојде до пресврт кој речиси никој не го очекуваше.

Францускиот великан доби конкуренција во Реал Мадрид и Ред Бул Лајпциг се најде во ситуација да лицитира за својот најдобар фудбалер, но ПСЖ не само што одби да влезе во такви игри, „светците“ останаа разочарани и од луѓето кои ги водат преговори од страна на Диоманде.

ПСЖ вечерва официјално се откажа од трката за фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска и му остави „отворен автопат“ на Реал Мадрид да го добие неговиот потпис, а откако го направи тоа, европскиот шампион излезе и со жесток став во јавноста.

– ПСЖофицијално го повлече својот интерес оваа вечер и ги заврши сите преговори во врска со Јан Диоманде. Бараната трансферна сума, како и барањата за плата од самиот фудбалер беа целосно непропорционални и можеа да го дестабилизираат пазарот.

– ПСЖ нема да ги напушти своите принципи на ригорозно финансиско управување и рамнотежа во составот. Пари Сен Жермен, двократен европски шампион и најодликуваниот клуб во последните години, нема да биде засегнат од инфлаторни игри или маневри на одредени посредници во целата операција. Клубот мирно и самоуверено ќе го смени курсот и ќе продолжи со својата стратегија на трансфер пазарот, – порачаа од францускиот клуб.