Чурлинов си пронајде нов клуб: Се враќа во земјата во која ужива голема почит

Дерби

27/07/2026

10:50

167

Големина на фонт

а а а

Дарко Чурлинов објави разделба со Кочаелиспор и стана достапен за сите други страни како слободен агент, а со оглед на доброто искуство кое го имаше во Полска, македонскиот репрезентативец стана интересен за неколку клубови од оваа земја.

Иако во изминативе денови се поврзуваше со трансфер во Видзев Лоџ, Чурлинов на крајот ќе потпише договор со Погон Шчечин, а оваа информација на големо ја пренесуваат сите угледни извори од Полска.

Според информациите кои се допстани, Чурлинов ќе добие бонус за самиот потпис поради фактот што доаѓа како слободен агент, но истовремено ќе потпише и двегодишен договор со опција да биде продолжен за уште една сезона.

Чурлинов е веќе во Полска и може да биде официјално промовиран до крајот на денот, особено во ситуација кога двете страни ги договориле сите детали за комплетирање на зделката.

Крилниот фудбалер во минатото се претстави во навистина добро светло во Јагиелонија и ужива голема популарност во Полска, па токму поради тоа и информациите за неговиот трансфер се доста добро прифатени од цела јавност во земјата.