Една недела по големото финале на Светското првенство, Славко Виничиќ донесе радикална одлука за својата иднина, односно реши да стави крај на богатата судиска кариера која ја завршува додека е при самиот врв.
Виничиќ стана првиот Словенец кој ја делел правдата во едно мундијалско финале и дуелот меѓу Шпанија и Аргентина беше круна на неговата кариера, во која претходно Славко судеше финалиња и во Лигата на Европа и Лигата на шампиони.
Одлуката за негово повлекување ја објави словенечкиот фудаблски сојуз, па со тоа стана јасно дека европскиот и светски фудбал останува без еден од најдобрите судии за периодот кој следи.
Винчиќ има 46 години и ја завршува кариерата после 16 години како меѓународен судија, и тоа во момент кога доби најголеми признанија од УЕФА и ФИФА за својата арбитража.
Словенецот со солзи во очите ја дочека одлуката од Пјерлуиџи Колина во пресрет на големото финале во Њу Џерси, па очигледно смета дека не може да му се случи ништо поголемо од едно мундијалско финале на кое беше на висина на задачата.







