„Nokia“ ги надмина сите прогнози: Благодарение на вештачката интелигенција, профитот вртоглаво порасна, а ова никој не го очекуваше

Точка

25/07/2026

17:05

414

Големина на фонт

а а а

Финската компанија „Nokia“ денес соопшти дека во вториот квартал остварила оперативна добивка поголема од очекуваната, благодарение на силната побарувачка од клиентите од секторите на вештачката интелигенција и облачните компјутерски услуги (cloud computing), поради што ја зголеми и деловната прогноза за целата година.

Споредливата оперативна добивка пораснала за 18 проценти, достигнувајќи 434 милиони евра, со што ја надминала просечната проценка на аналитичарите од 382 милиони евра, покажуваат податоците на компанијата и анкетата на агенцијата „LSEG“, пренесе „Reuters“.

Приходите од продажба достигнале 4,82 милијарди евра, што исто така е над пазарните очекувања.


Во последните години, „Nokia“ го насочи своето работење кон испорака на оптичка мрежна опрема за големите технолошки компании, кои градат центри за податоци за потребите на **вештачката интелигенција („AI“) **.

Приходите од клиентите од секторите на „AI“ и облачните компјутерски услуги се удвоиле во вториот квартал и достигнале 446 милиони евра, додека вредноста на новите нарачки изнесувала 2,8 милијарди евра.


Извршниот директор на „Nokia“, Џастин Хотард, изјави дека побарувачката и понатаму е многу силна, но дека ограничувањата во синџирите на снабдување остануваат главен предизвик, поради што клиентите сè почесто се одлучуваат за долгорочни договори за набавка на опрема.

Сепак, компанијата предупреди дека, како и другите производители на телекомуникациска опрема, е погодена од растот на цените на мемориските чипови, предизвикан од големата побарувачка од секторот на вештачката интелигенција.


Минатата недела и шведскиот „Ericsson“ предупреди дека растот на трошоците за чипови врши притисок врз профитните маржи.

„Nokia“ ја зголеми прогнозата за споредливата оперативна добивка за целата 2026 година на меѓу 2,1 и 2,6 милијарди евра, во однос на претходно проектираниот опсег од 2 до 2,5 милијарди евра.