Олимпијката Симон Бајлс е повторно во болница откако „речиси почина“ од мистериозна медицинска компликација во јуни.
Гимнастичарката во четвртокот се огласи на Инстаграм објавувајќи црно-бела фотографија во болничка облека и капа.
Бајлс со голема насмевка на лицето позирала со својот сопруг Џонатан Овенс. „Роденден му е, но ме носи на процедурата“, напиша таа на својата Инстаграм приказна. Атлетичарката не откри зошто повторно отишла во болница.

Таа минатиот месец откри дека доживеала „страшна здравствена состојба“ и напиша дека „речиси да умре“ не било на нејзината „бинго-картичка“. Бајлс тогаш не откри што точно ѝ се случило, но им се заблагодари на своите најблиски кои ѝ се јавиле, ја посетиле или ѝ испратиле цвеќе. Додаде и дека деталите ќе ги сподели со своите обожаватели „порано или подоцна“.

„Ова беше едно од, ако не и најстрашното искуство во мојот живот, особено затоа што Џонатан беше во Инди на претсезонските тренинзи“, изјави Бајлс, чиј сопруг во тој момент се наоѓал на претсезонските подготовки за НФЛ.
Гимнастичарката и играчот на американски фудбал се запознале преку апликацијата Раја во март 2020 година. Во август истата година јавно ја потврдија својата врска, а во 2022 година, на Денот на вљубените, тој ја запроси Бајлс.

Парот се венча на граѓанска церемонија во Хјустон, Тексас, во април 2023 година, а еден месец подоцна организираа свадбена прослава во Кабо Сан Лукас, Мексико.











