[ВИДЕО] Ќерката на Адријана Лима и Марко Јариќ израсна во вистинска убавица: Манекенката позирала со наследничката, а сите тврдат дека ја „надминала“ славната мајка

Точка

24/07/2026

18:48

992

Големина на фонт

а а а

Навикнати сме да ја гледаме Адријана Лима во гламурозни изданија на модните писти и на црвениот килим, но овојпат изборот на облека, фризура и шминка ѝ го препуштила на својата ќерка.

Шеснаесетгодишната Валентина Лима Јариќ одлучила да ја стилизира славната мајка по свој вкус, а нивното заедничко видео брзо привлече внимание на ТикТок.

Валентина, која манекенката ја доби во бракот со поранешниот сопруг Марко Јариќ, посакала својата мајка да ја „претвори“ во своја врсничка.


„Ѝ направив трансформација на мама и ја претворив во мене“, објаснила тинејџерката на почетокот од видеото.

Ја облекла мајка си како себе

За Адријана подготвила светли тексас шорцови и едноставна црна маица, додека самата носела слична комбинација во бела боја. Валентина се погрижила и за фризурата и шминката на својата мајка, па познатата манекенка пред камерата се појавила во сосема поинакво, опуштено издание.


Очигледно, на Адријана ѝ се допаднал изборот на нејзината ќерка. Се прошетала по ходникот како по модна писта, го покажала финалниот стајлинг, а потоа низ насмевка порачала дека двете сега изгледаат како близначки.

Сите коментираат колку си личат

Иако Адријана со децении важеше за една од најубавите жени во светот, овојпат голем дел од вниманието го привлече Валентина.


Корисниците на социјалните мрежи коментираа дека тинејџерката ги наследила препознатливите црти на лицето на својата мајка, додека некои заклучија дека двете повеќе личат на сестри отколку на мајка и ќерка.