Легенда на „црвените ѓаволи“: Премногу е рано, Јунајтед не може да се бори за титулата во ПЛ

Дерби

23/07/2026

14:48

175

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед имаше неколку одлични месеци под водство на Мајкл Карик, период во кој екипата одговори на предизвиците, избори топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2026/2027.

Тие добри партии донесоа оптимизам, верба кај дел од навивачите дека Јунајтед може да направи нов исчекор во сезоната која престои, па дури и да биде кандидат за пехарот во Премиер лигата, сценарио во кое не верува играчот кој една деценија беше во клубот Микаел Силвестре.

-Искрено, не мислам дека ќе гледаат на тоа на овој начин. Тие [Сити] се најдобриот тим во Манчестер веќе неколку години и тоа навистина не е важно, важно е да растат од минатата сезона и да станат поголема сила, да бидат поконзистентни и да можат да настапуваат добро во сите натпреварувања. За клубот да најде стабилност со Мајкл Карик, дали Сити е над или под, мислам дека не е важно за навивачите – само во деновите на дерби е важно. На крајот од лигата, она што е важно е Лигата на шампионите, таму си во Лигата на шампионите, напредуваш кон освојување на лигата во одреден момент.

- Не мислам дека тимот е подготвен да се натпреварува за титулата. Секако не на почетокот на сезоната, не можете да ги ставите во трка за титулата, прерано е, -истакна Силвестре кој говореше и за потенцијалните засилувања.

- Стоперската позиција не е најсилна, ама им е потребно сите играчи да бидат подготвени. Мислам дека не беше толку лошо, всушност минатата година проблемот беше што не немаше двојка што играше секоја недела поради повреди. Мислам дека можат да најдат стабилност со еден. Мислам дека имаат доволно квалитет за да ја поминат сезоната.

- Бекови? Мислам дека треба да им се даде уште една шанса на момците оваа сезона да играат добро и да одговорат на сезоната во Лигата на шампионите, на сезоната во Премиер лигата. Мислам дека има квалитет, не сум премногу загрижен за одбраната во моментов, - подвлече Французинот.