Барселона го официјализираше второто лето засилување со договор до 2031 година

Дерби

23/07/2026

13:29

220

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот шампион Барселона официјално го потврди второто засилување во овој преоден рок, засилување кое одново е во офанзивната линија.

Каталонците пред некое време го договорија англискиот репрезентативец Ентони Гордон од редовите на Њукасл, додека денеска е потврдена зделката за Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.

24-годишниот германски интернационалец доаѓа на „Камп Ноу“ за сума од 22 милиони евра, плус 7 милиони евра преку бонуси, а бундеслигашот има и одреден процент од следната продажба.

Инаку Адејеми преку РБ Салцбург и Лиферинг дојде до Дортмунд каде ги мина претходниве четири години.