Светот доби нов шампион и тоа е Шпанија која ја презема круната, тронот од Аргентина која пак се бораше до самиот крај, стигна до финалето каде едноставно немаше решение за „црвената фурија“ која беше далеку подобар противник на стадионот „МетЛајф“.
Ова Светско првенство беше посебно поради повеќе причини, но истото е веќе зад нас, веќе се објавија некои анализи, заклучоци, некои допрва ќе ги видиме, а она што сигурно веќе го имаме е тимот на турнирот во изборот на Опта.
Интересен е изборот, почнувајќи од голот на кој е Швајцарецот Кобел. Пред него во дефнзивата се шпанската тројка Поро, Кубарси и Кукурелја, плус Аргентинецот Лича Мартинез.
Белингам и Родри се на средината, Меси ја има улогата на плејмејкер, Мбапе и Тросар на крилните позиции и позицијата „девет“ е за Халанд.







