Сцени за паметење: Два милиони Шпанци ги пречекаа светските шампиони пред „Сибелес“

Дерби

21/07/2026

11:56

217

Големина на фонт

а а а

Шпанија ја освои втората светска титула и сосема очекувано тоа предизвика голема фешта на Пиринеите, особено во Мадрид каде и официјално се прославуваше победата над Аргентина и големиот резултат од Њу Џерси.

„Црвената фурија“ издоминира на Светското првенство и сосема заслужено се врати од САД со најпрестижниот трофеј, а избраниците на Луис де ла Фуенте автоматски го добија статусот на национални херои.

16 години по историската прва титула на мундијалите, оваа генерација на Де ла Фуенте го повтори најголемиот успех, а тоа привлече 2 милиони Шпанци на улиците во престолнината.

Градот Мадрид беше преплавен од фановите во црвени обележја и настана вистинска река од луѓе за време на шампионската парада, а слободната проценка на угледните шпански медиуми е дека на прославата се појавиле два милиони фудбалски фанови.

Очекува, главната забава беше резервирана за плоштадот „Сибелес“, а таму ѕвездите имаа шанса и да им се обратат на своите сонародници по повод освоената титула.