Само еден аргентински фудбалер не им сврте грб на Шпанците и го гледаше подигнувањето на трофејот

Дерби

21/07/2026

16:03

941

Големина на фонт

а а а

Дел од аргентинските фудбалери покажаа лоши манири и се покажаа како лоши губитници по големото финале на Светското првенство, бидејќи нервозата која ја чувствуваа во себе решија да ја истурат врз противничките фудбалери.

Гави, Родри, Гарсија и Олмо добија удари од противниците и влегоа во физички контакти со Аргентинците, но убедливо најлошата слика пристигна пред да биде подигнат златниот медал.

Шпанците се поставија во шпалир за Аргентинците пред „гаучосите“ да одат да ги земат сребрените медали, а додека избраниците на Де ла Фуенте покажаа доблест и класа, фудбалерите од Јужна Америка им свртеа грб кога дојде ред да го подигнуваат пехарот.

Аргентинските фудбалери им свртеа грб на новите светски шампиони и не ги поздравија Шпанците, со исклучок на еден кој покажа големина и во болен пораз.

Само еден аргентински репрезентативец не го заврте грбот, а станува збор за напаѓачот Флако Лопез кој имаше прескромна минутажа на овој мундијал.